Ристовски на првиот академски час за студентите на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Почна акдемската 2016-2017 година на сите факултети на универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип. Првиот академски час студентите од сите факултети го имаа во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет, а на свеченоста им се обратија заменик министерот за образование, Спиро Ристовски и ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев.

Заменик министерот за образование, Ристовски истакна дека денеска е присутен на првиот академски час на најбрзо растечкиот универзитет во земјава.

– Универзитетот „Гоце Делчев“ за многу кратко време дојде во ситуација да биде второ рангиран во Република Македонија. Универзитет кој што се повеќе и повеќе се развива и кој што има специфични катедри, карактеристични само за овој универзитет, а со тоа придонесува за целокупниот развој на универзитетот, а преку неговиот развој очигледен е и развојот на градот Штип и на целиот источен регион. Со што оваа десетта јубилејна година на ново запишаните студенти им посакувам и на студенти кои студираат на овој и на другите универзитети во Република Македонија успешна академска година, рече Ристовски.

Ректорот на УГД-Штип, Боев истакна дека во прва година на 13-те факултети и трите академии на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ се запишани 2.300 студенти, а вкупниот број  кои студираат е околу 11.000 студенти.

– Сите услови се обезбедени на универзитетот за почеток на академската година. Сите објекти се спремни и сите професори се обезбедени, така да никаков проблем нема да има за почетокот на првиот академски час. Наставата и официјално ќе почне во понеделник и тоа во најдобар ред, рече Боев.

Тој во своето обраќање на студенти им порача дека изборот кој го направиле запишувајќи се на некој од факултетите и академиите е нивен добар избор