Ристовски на терен: По поплавите се нормализира состојбата во Илинден

Состојбата во поплавените делови во општината Илинден се нормализира. Расчистени се и проодни улиците, во делот на дваесеттината куќи кои беа полавени, како и делот каде се наоѓаат стопанскитеобјекти. Речиси целосно е исцрпена водата од делот кој бил најмногу зафатен, а се црпи и водата од главниот канал кој ги собрал надојдените води. До крајот на денот се очекува да заврши и проценката на штетите од поплавите.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, во функција на владин координатор за поплавите во општина Илинден, заедно со градоначалникот Жика Стојановски изврши увид на повеќе локации кои беа директно зафатени од поплавите.

– Денешната слика е многу различна од тоа што беше во периодот веднаш по поплавата. Можам да констатирам дека сите активности кои се спроведени во изминатите денови вродија со плод. Заеднички со општината Илинден интензивно работевме на расчистување на сите штети настанати во поплавата, делот којшто беше целосно зафатен од поплавите сега е во функција и овој цел простор е целосно прооден и функционален, функционално е целото населено место. Од пред три дена целосно е во функција и напојувањето со електрична енергија, изјави Ристовски.

ilinden-spiro-zika

Додаде дека од другата страна на автопатот во населените места било многу помало оштетувањето од поплавите пред се, како што рече, благодарение на тоа што општината Илинден во изминатите години редовно ги сервисирала и чистела каналите на нејзината територија.

– Вреди да се напомене дека општина Илинден има вкупно 120 километри канали кои редовно беа чистени и тоа придонесе за запирање на големите количини води да не стасаат во деловите кои се погусто населени, а се наоѓаат на територија на општина Илинден, рече Ристовски.

Според него, значајно е и тоа што со помош на препумната станица која функционира кај главниот канал се исцрпува водата од овој него, а како што рече, е апсорбирана и водата од целото поле каде висината на водата во поплавите била и над 1,5 метри.

Информира дека испумпувањето го спроведува и следи „Водостопанство“, а Владата, заедно со општината Илинден продолжува со редовна дневна дезинфекција на сите делови коишто беа зафатени со поплавата.

Градоначалникот Стојановски, истакна дека се нормализира состојбата во делот кој бил најмногу погоден од поплавите и каде имало вода повисока од 1,5 метри.

– Ова беше локација која што беше директно изложена на висок водостој односно целото сливно подрачје и огромните количини вода беа лоцирани токму овде. Водостојот тука беше повеќе од 1,5 метар и целата таа вода мораше да влезе во главниот канал кој се наоѓа под автопатот и железничката пруга, рече тој.

ilinden3-poplavi

Додаде дека овој дел се наоѓа до стопанскиот комплекс каде се наоѓаат стопански објекти кои заедно со 20-ина домаќинства што се наоѓаат овде во непосредна близина директно биле изложени на ударот. Со дополнителни напори, рече, ситуацијата е нормализирана. 

– Целта е да потенцираме дека од целото езеро што се создаде во овој дел од загрозените подрачја до влезот на Илинден мораше водата да се зафати низ каналот којшто поминува низ централното подрачје на општината Илинден. Благодарение на дополнителните напори и машини што ги обезбедивме, благодарение на граѓаните, координацијата со Владата, Координативното тело, водостопанското претпријатие… се успеа водостојот да се прифати и да се одведат водите, рече Стојановски. Потенцира дека голем удел во спречувањето на поголеми полави на погусто населените места имаат чистите канали, за кои во изминатиот период како локална самоуправа вложиле дополнителни да бидат секогаш во функција.