Ристовски најави воведување на катедра за вајарство при УГД Штип

Заменик министерот за обарзование, Спиро Ристовски, кој заедно со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев денеска ги посетија студентите од Ликовната академија, најави дека од наредната година на Ликовната акдемија при УГД-Штип ќе се воведе нова посебна катедра за вајарство.

– Заедно со Акaдeмијата и универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ќе ги отпочнеме подготовките за изработка на посебна програма, која што потоа би се акредитирала, а следната година би стартувала. Tоа е посебната катедра за вајарство, со што потврдуваме дека интересот на универзитетот и на Владата е во насока на развој на оваа Ликовна академија. Продолжуваме со целосен интензитет, се со цел да обезбедиме високо ниво на квалитет на студенти, кои што ќе дипломираат на оваа акдемија и од кои што Република Македонија ќе има исклучителен бенифит во делот на уметноста, рече Ристовски.

Тој е задоволен од новата локација на Ликовната акдемија и просторните можности кои што се нудат на студентите на оваа академија, на која што годинава се запишаа 11 нови студенти, кои, како што рече Ристовски, според професорите имале сериозен потенција за сликарство.

– Истовремено би сакал да соопштам дека тимот на професори од Русија и Украина кои што предаваат сликарство и класична уметност се зголемува за дополнителни три со што, добиваме вкупно пет професори на оваа кадемија, рече Ристовски.

Ректорот на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, Блажо Боев истакна дека без помош на министерството и на Владата факултетите и академиите неможат да се развиват.

– Во наредниот период како универзитет ќе продолжиме со развојот на Академијата за ликовна уметност, сметам дека студентите имаат можност да учат од најдобрите професори од Русија и Украина, кога станува збор за класичното сликарство, и тоа е единствена можност во земјава, која што сметам дека студентите треба да ја искористат, рече Боев.

Деканoт на Ликовната академија, Катерина Деспот најави дека се подготвуваат уште три нови програми, кои ќе бидат интересни за студентите, а меѓу кои моден дизјан, пејсажен дизајн и вајарство, а во моментов 40 студенти студираат на Ликовната академија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.