Ристовски: Најниската плата во образованието порасна за 119%, највисоката за 67%

Спиро Ристовски, министерот за образование на Република Македонија, како дел од отчетот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за реформите во образованието во земјата.

Во рамки на образованието на два начини се трансформираше работниот однос во изминативе неколку години. Прво се трансформираше по законот за работни односи кој го сменивме пред 5-6 години и сега со втората тура кои беа со овој закон во последните 5-6 години 8000 лица кои работат во образованието во Република Македонија добија решенија за трајно вработување, а безмалку 3000 во последните 2 години. Тоа беше едно од нашите ветувања и обезбедивме поголема економска сигурност. Значајно е да повториме дека во образованието во последните 10 год години растеше и платата за 119% порасна најниската, а за 67%  највисоката плата. Историски податоци за кои пред 2006 година можеше да се сонува, потенцираше Ристовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.