среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 9

Ристовски: Нова спортска сала во тетовската населба Колтук

Ристовски истакна дека во програмата за следниот мандат е предвидена и реконструкција на 140 училишта на целата територија на Република Македонија.

sala

Последни вести

Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ денес оствари средби со граѓаните на општина Тетово, при што истакна дека во новата партиска програма е предвидена изградба на нова спортска сала во Основното училиште „Андреа Савевски Кикиш“ во населбата Колтук.
-Станува збор за повеќе годишно барање на граѓаните од овој дел од Општина Тетово кое што ќе биде реализирано на почетокот од идниот мандат. Спортската сала покрај тоа што ќе се користи пред се за потребите на воспитно образовниот процес и часовите по физичко образование, ќе биде на располагање и на месното население во останатиот дел од денот, истака Ристовски.
Тој денес оствари посета и на општина Јегуновце каде што посочи дека Полошкиот регион ќе продолжи да биде еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ, каде што ќе се реализираат голем број на проекти од сите области.
Ристовски истакна дека во програмата за следниот мандат е предвидена и реконструкција на 140 училишта на целата територија на Република Македонија.

Најчитани вести