Ристовски: Нови 78 спортски сали и 140 реконструкции на училишта

Изградба на 78 спорски сали и реконструкции на училишта се дел од програмата на владеачката партија за престојните избори. Спиро Ристовски од Тетовско истакна дека партијата ќе продолжи да се залага со проекти за подобрување на животот во полошкиот регион.

„Со новата програма планираме нови 78 спортски сали, нови 140 реконструкции на училишта на територијата на Република Македонија, а полошкиот регион и понатаму ќе биде еден од приоритетите на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Досега во општина Јагуновце изградивме една спортска сала“, истакна Ристовски.