Ристовски: Образованието е висок приоритет на оваа Влада

Институтот за педагогија при Универзитетот „Свет Кирил и Методиј“ од Скопје 70-годишнината од основањето ја одбележува со Меѓународна научна конференција насловена „Педагогијата во современото глобално општество“ што од денеска се одржува во Охрид.

pedagodija-ohrid

На собирот во Охрид професори и експерти од педагогијата од Макединија, регионот и пошироко ќе ги презентираат современите научни сознанија и позитивните практики за воспитанието и образованието согледани низ призмата на новите глобални општествени случувања, а се очекува заклучоците што ќе произлезат од конференцијата да дадат одредени насоки во осовременувањето на педагогијата како една од најблагороднитеопштествени професии.

– Кадарот што вие го создавате е дел од секоја воспитно-образовна установа и претставува клучна алка во процесот на едукација и правилно насочување на генерациите уште од најрана возраст. Таквите активности ве позиционираат меѓу највиталните институтции во рамки на образовниот систем и воопшто во општеството, истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски пред учесниците на конференцијата.

Тој притоа посочи дека ресорното Министерство за образование останува најголем поддржувач на педагошките кадри и дејноста генерално, притоа нагласувајќи ги активностите што се преземаат во насока на зајакнување и екипирање стручни служби во училиштата.

– Образованието е сфера која има значајно место и висока приоритетност во генералните политики што ги спроведува Владата, оттаму што претставува основа на севкупен развој и просперитет на земјата, основа за социјална трансформација и своевиден двигател на демократизацијата и развојот на граѓанското општество, а воедно и основа за интеграција во европскиот општествено економски и образовен простор, истакна тој.

Што се однесува на воспитната компонента во образовните системи, експертите со концесуална оценка за нејзина запоставеност во однос на останатите сегменти во процесот на образованието, пред се во споредба со конгнитивниот сегмент односно енциклопедискиот тип на учење.

– Правиме напори со внесување одредени наставни програми дури и внесување одредени области да се зајакне тој воспитен процес во образованието. Во сложениот контекст фактори што влијаат врз развојот на ученикот не може да се направи дистинкција кој колку учествувал во негово воспитување, дали училиштето, наставниците, дали околината. Во секој случај и семејството треба поинтензивно да се фокусира на воспитната компонента и сеите фактори директно или индиректно да се вклучат во холистичкиот пристап кон изградбата на интегрирана општествена личност, рече професорот Љупчо Кевероски, претседател на Македонската асоцијација за телентирани и надарени деца.

Јосип Милат, професор од Филозофскиот факултет на Свеучилиштето во Сплит, забележа дека образовниот систем во Хрватска многу не се разликува од оние во регионот и овој дел од светот, притоа оценувајќи дека генерално не се работи доволно на вклучување на воспитната компонента во образовниот процес.

– Сметам дека во образовниот систем се претерува со информации и знаења. Штетно е што толку се употребува Интернетот во образовниот процес, уште повеќе што тој е совевидна библиотека на се и сешто. Иако на Интернет има добри информации, исто толку има и лоши, истакна Милат.

Тој смета дека образовниот систем треба да се прилагоди за да ги оспособува учениците и младите луѓе за живот, а не само просто да ги образува или одгојува.

– Луѓето мора да знаат, да сакаат и да умеат, без тоа нема напредок, истакна тој.

Професорот Кирил Барбареев од Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип вели дека педагогијата во Македонија денес се соочува со многу предизвици, со забелешка дека изминатите дваесет – триесет години изгубена е таа визија за тоа што треба да биде еден наставник и воспитно-образовен систем.

Негова оценка е дека промените во македонскиот образовен систем треба да се движат во насока на овозможување на пристоен простор во кој децата ќе сакаат да одат на училиште, а наставниците ќе бидат повеќе мотивирани за работа.

– Можеби еден поголем дел од образовните политики треба да тргне во поинаква насока. Треба да се анализираат состојбите и да се носат автентични образовни политики што ќе ја следат културата и квалитетот на средината. Ние сме интересно општество во кое нема да успеат некои политики што едноставно само ќе се пренесат во нашиот образовен систем…Потребно е создавање образовни стандарди, исти услови за образование на сите деца, како во градските така и во руралните средини. Можеби најголем предзивик со кој се соочува образованието во Македонија е создавањето услови секој ученик во земјата да има поеднаква можност да стигне на врвот, состемот да создаде простор за највисоки дострели за сите деца кои живеат за образование, истакна професорот Барбареев.