петок, 24 февруари 2017  |  Вести денес: 59

Ристовски: Образованието останува приоритет на владата

До сега има 86% зголемување на буџет од 2006 до 2017 година. Само за оваа година имаме 25 милијарди денари, посочи Ристовски.

spiro

Последни вести

Десетици проекти, конкурси, градежни зафати само во првите петнаесет дена од  месец февруари најавија или отпочнаа од Министерството за образование.

Меѓу нив, од стимулативни мерки за талентирани ученици, конкурс за научно истражувачки проекти до нови капитални инвестиции со цел подобрување на целокупната образовна инфраструктура.

-Не постои друг ресурс што е позначаен за државата на било кое ниво, од образованието. Токму затоа образованието останува приоритет на Владата. До сега има 86% зголемување на буџет од 2006 до 2017 година. Само за оваа година имаме 25 милијарди денари. Во изминативе години владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше насочена кон подобрување на инфраструктурата, само во овој период кој го споменав инвестирани се речиси 120 милиони евра. Тука станува збор за реконструкција на веќе постоечки училишта, изградба на нови, санација на постојни студентски домови, изградба на нови крила во студентските домови, изградба на нови згради за потребите на факултетите…, рече Ристовски, во гостувањето на Тв Нова.

 

Најчитани вести