Ристовски: Оваа влада изгради нови сместувачки капацитети во студентските домови

Започнавме со етапна и темелна реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“, која беше неопходно да се започне најпрво од сите студентски домови. Ние сме прва Влада која во изминатите години изгради и создаде нови сместувачки капацитети во студентски домови, истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој гостуваше во Дневникот на МРТ.

-Само во текот на минатата година отворивме осум нови павиљони во студентскиот дом „Стив Наумов“. Годинава ја завршивме реконструкцијата на блокот Б во „Гоце Делчев“, студентите веќе почнаа да се преселуваат, меѓутоа треба да се има во предвид дека станува збор за огромен објект. Процесот на селење на студентите продолжува и со тоа дефакто блокот А во кој тие сега се сместени ќе се испразни. Тие ќе се сместат во новиот блок и веднаш потоа се започнува со реконструкција. Планот е во текот на 2016 година, почетокот на 2017 целосно и другите три блока на овој студенстки дом да бидат завршени, посочи Ристовски.

Тој додаде дека веќе имаат дефинирано предлог локации за изградба на новиот студентски дом и во најбрзо време ќе излезат со предлогот.