Ристовски: Последните 10 години во образованието се инвестирани 120 милиони евра

Спиро Ристовски денес беше во посета на Теарце од каде порача дека на 11-ти декември граѓаните ќе гласаат за најобемната програма во која образованието останува еден од врвните приоритети.

Тој оствари средба со голем број на граѓани од општината и со нив разговараше за досега реализираното, но и за сето она што во иднина како проекти ќе се спроведува.

-Задоволство е да се разговара со граѓаните кога можеш да дискутираш на конкретни теми и прашања, а од друга страна и довербата која тие  ја имаат во нас во изминатиот период ја зголемува нашата одговорност за дополнителна реализација на останатите проекти. Во рамки на МОН, односно во ресорот образование, во последниве 10 години од кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, се инвестирани 120 милиони евра во рамки на образовната инфраструктура. Во моментов околу 32 милиони евра се во фаза на инвестиции. Тоа се видливи проекти, граѓаните го гледаат. На 11-ти декември очекуваме да стигне најголемата потврда, 10-тата јубилејна победа за ВМРО-ДПМНЕ со која ќе се овозможи да продолжат сите образовни реформи кои се започнати и да се продолжи со масовното инвестирање во рамки на подобрување на постојната и изградба на нова образовна инфраструктура, рече Ристовски.

spiro-tearce