Ристовски: Прифатлив е предлогот студентите да полагаат испити од трета година и без државен испит

За Министерството за образование и наука е прифатлив денешниот предлог  на студентите да можат да полагаат до една третина од испитите и без положен државен испит. Ова го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски при гостувањето во Дневникот на Сител.

Ристовски рече дека со ваквите предлози, студентите овозможуваат уште поголема флексибилност, но и конструктивност во целиот овој процес.

-За министерството за образование и наука првично можам да кажам дека предлогот изнесен од страна на неколку студентски парламенти е прифатлив. Истиот ќе биде предмет на разгледување во следните денови, така да очекувам и овој предлог да биде дел од пакетот предлози кои што ги добивме од сите заинтересирани страни, рече Ристовски.

Тој нагласи дека очекува во наредните денови доколку се појават и други конструктивни предлози, МОН да ги разгледа и по однос на истите да се произнесе соодветно на предлогот, односно на идејата колку таа се вклопува во целиот систем на предложените реформи.

фото: Курир

Во продолжение погледнете го гостувањето на заменик – министерот во целост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.