Ристовски: Со Кембриџ инвестираме во идните генерации

Од следната година, Кембриџ програмата што засега е воведена само во основните, ќе го пронајде своето место и во средните училишта, и тоа, по предметите математика, хемија, физика и билогија. Какви се ефектите од оваа програма и зошто Македонија се одлучи да ја продолжи истата, истакна за ТВ НОВАб заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.

„Континуитетот во реформата во рамки на образовниот систем, посебно поврзан со математиката и природните науки, одлучивме да продолжи и во средното образование, со оглед на тоа што годинава ја заокруживме и правата фаза, односно реформирањето на наставните програми и учебниците по математика и природни науки во основните училишта. Во текот на денешниот ден беше потпишан договор за продолжување на реформите кај предметите математика и природни науки во средното образование, со тоа што најпрво ќе биде опфатена програмата за прва година средно, а потоа етапно до 4-та година“, појасни Ристовски.

Тој додаде дека целта е да се обезбеди континуитет н реформата, при што потоа учениците со подобри перформанси ќе се запишат на факултет. Говорејќи за тоа како е пречекана реформата сега, а како пред три години кога истата започна, заменик министерот рече дека секоја промена во прво време е прифатена со доза скептицизам.

„Секоја промена, природно на почеток е дочекана со резерва, така беше и пред нешто повеќе од три години кога започна реформата. Со текот на времето и наставниците, но и родителите сфатија дека долгорочно реформата ќе ги донесе ефектите. Показателите на Кембриџ се позитивни, затоа решивме да продолжиме и во средните училишта. Свесен сум дека е поразлично и потешко, меѓутоа се зголемува интерактивноста на релација ученик – наставник. Можеби во прво време ќе биде поразлично, но јас верувам во капацитетот на новите генерации. Оваа програма придонесува за подобро осознавање на материјата и поквалитено нејзино користење во повисоките одделенија“, додаде Ристовски.

Ристовски спомена и дека инвестицијата колку и да изгледа голема во оваа фаза, се работи за директна инвестиција во идните генерации на Република Македонија“

„Нашата политика е во насока на тоа да ги стимулираме студентите и средношколците да го одберат она што најмногу се бара на пазарот, затоа ги мотивираме често да се запишуваат на факултетите за технички науки. Стумилираме учење, дипломирање, докторски студии и на 100-те најдобри универзитети, но со обрска тој студент да се врати и да работи во Република Македонија. Значајно е да го пренесе своето знаење тука“, истакна Ристовски.