Македонија

Ристовски: Програмите од Кембриџ го подобруваат квалитетот на образованието

Ристовски: Програмите од Кембриџ го подобруваат квалитетот на образованието

Наставните програми по математика и природни науки во основните училишта по терк на Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ функционираат беспрекорно низ училиштата, со што значително е подобрен квалитетот на образованието во Македонија.

Ова го истакна главениот  извршен директор директор на Меѓународниот центар за наставни програми  – Кембриџ, Мајкл О’Саливан кој заедно со заменик министерот за образование Спиро Ристовски и директориката за развој на програмата  Хелен Еклос  го посетија ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода.

majkal500

-Утрово присуствувавме на час по природни науки во прво одделение и час по математика во трето одделение и она што го видов беа трите најважни работи прво дека децата навистина учеа нови работи, второ децата учеа како да учат и трето наставниците навистина го разбрале концептот и методите коишто треба да се користат со новата наставна програма.

spiro-uciliste500

Инаку, ова е прва училишна година , во која новата наставна програма развиена од Кембриџ за математика и природни науки во соработка со бирото за развој на образованието се спроведува во училиштата низ Македонија.

poseta-uciliste500

-Во текот на овие денови ќе се потпишат договорите за реализација на продолжување на оваа реформа, водејќи се по истиот принцип ќе продолжиме со реформирање на наставните програми за математика и природни науки од четвртоо до шесто одделение, со што очекувам во текот на наредната година успешно завршување и на овој втор дел од реформата, со што ќе се заврпи реформирањето на делот на основно образование, односно комплетното реформирање на образованието од седмо до девето одделение, истакна Ристовски.

Со ова, нагласи, се завршува првата фаза од ова реформа што Владата ја најави пред година и половина.