Македонија

Ристовски: Се намалува возраста како услов за упис на факултет преку Проектот 35/45

Ристовски: Се намалува возраста како услов за упис на факултет преку Проектот 35/45

Се намалува возрасната граница од проектот 35/45 за запишување на повозрасните граѓани на државните факултети и од оваа година истиот ќе гласи 30/35.
 

„Одсега и лицата на возраст од минимум 30 години за жени, осносно 35 години за мажи, со претходно завршено четиригодишно средно образование и заоснован работен однос на неопределено време, или пак невработени лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување најмалку пет години, ќе можат да се запишат на студиската програма во прв циклус на студии, со годишно кофинансирање од 200 евра во денарска противвредност“, истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

За академската 2014/2015 година, како што нагласи тој, се обезбедени вкупно 715 слобосни места, од кои 230 се на УКИМ, 335 на Државниот универзитет во тетово, 70 на Универзитетот „Св. Климен Охридски“ во Битола и 80 на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

„Заинтересираните граѓани коишто согласно конкурсот ги исполнуваат условите, ќе можат да одберат една од вкупно понудените 46 студиски програми  на 17 различни факултети во состав на оние универзитети, кадешто слободните места се проектирани внимателни, во согласност со информациите за дефицитарност на струките и реалните потреби на пазарот на трудот со соодветниот кадар“, додаде Ристовски.

Подетални информации, посочи, можат да се најдат на интерент страницата на МОН, каде што е објавен Конкурсот, како и на самите факултети кои ги распишуваат критериумите и условите за упис.

Оваа можност до сега ја искористиле околу 1.200 граѓани.

Министерот Ристовски очекува со намалувањето на вжграницата на возраста да се зголеми интересот на оваа категорија на граѓани за запишување на студии.