Ристовски се враќа во репрезентација, на списокот се најдоа и Јоновски и Прибак

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез го објави поширокиот список за квалификациските натпревари против Исланд за пласман на ЕП во Хрватска 2018 – та.

Новиот предводник на „црвено-жолтите” во репрезентацијата го врати голманот на Барселона, Борко Ристовски. Покрај него на списокот на нашиот национален тим се најдоа и Ацо Јоновски и Немања Прибак.

Првиот дуел против селекцијата на Исланд, црвено – жолтите ќе го одиграат на 4 мај на домашен терен, додека натпреварот нагости е закажан за три дена подоцна.

Список на повикани ракометари:
1. Борко Ристовски FC BARCELONA
2. Мартин Томовски РК МЕТАЛУРГ
3. Дејан Манасков RHEIN-NECKAR LOWEN
4. Гоце Ојлески HC ODORHEI
5. Гоце Георгиевски CSM BUCURESTI
6. Стојанче Стоилов РК ВАРДАР
7. Никола Маркоски OROSHAZI FKSE-LINAMAR
8. Филип Лазаров CS UNIVERSITATEA TIMISOARA
9. Аце Јоновски BERGISCHER HC
10. Немања Прибак BESIKTAS
11. Жарко Пешевски РК МЕТАЛУРГ
12. Кирил Лазаров FC BARCELONA
13. Влатко Митков HC KREMS
14. Филип Талески RHEIN-NECKAR LOWEN
15. Филип Кузмановски РК МЕТАЛУРГ
16. Велко Маркоски RK PPD ZAGREB
17. Мартин Поповски РК ВАРДАР ЈУНИОР
18. Филип Миркуловски HSG WETZLAR
19. Никола Митревски S.L BENFICA
20. Марко Нелоски РК МЕТАЛУРГ
21. Мартин Велковски РК МЕТАЛУРГ
22. Никола Костески РК МЕТАЛУРГ
23. Горан Крстевски РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК
24. Дарко Димитриевски РК БОРЕЦ
25. Костадин Петров РК МЕТАЛУРГ
26. Кирил Колев РК ПЕЛИСТЕР
27. Владо Недановски РК ВАРДАР ЈУНИОР
28. Даниел Дордески РК ВАРДАР ЈУНИОР