Ристовски: Интензивно ќе продолжи реновирањето и санацијата на студентски домови

И во текот на оваа година интензивно ќе продолжи реновирањето и санацијата на сите Студентски домови во земјава. Заминик министерот за образование Спиро Ристовски кој беше во работна посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, најави дека студентскиот дом Невена Ѓорѓиева-Дуња во Скопје ќе се урне и на негово место ќе се гради нов.

Тој истакна дека и постојните штипските студентски домови влегуваат во Програмата на Владата и на Министерството за образование за реновирање и нивна санација.

Истовремено стои приоритетот за изградба на нов Студентски дом во Штип. Јас не можам да гарантирам дека во 2016 година ќе почне со градба, но соодветно  на потребите Универзитетот и во комуникација со управата во следниот период ќе направиме проекција за потребните студентски места за градот Штип, рече Ристовски.

Тој додаде дека и годинава интензивно ќе продолжи реновирањето и санацијата на сите Студентски домови во земјава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.