Ристовски три години во Кретеј

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски ќе има нова дестинација во својата кариера, откако и официјално потпиша тригодишен договор со францускиот тим Кретеј, обелодени „Спортмедија”.

Борко ги мина лекарските прегледи и го потпиша договорот со новиот клуб по што ќе се врати во Македонија на подготовките на репрезентацијата за двомечот со Грција. Ристовски ќе биде засега единствениот Македонец во француската лига, а со тимот на Кретеј кој доаѓа од предградието на Париз има амбиција да стаса во Лигата на шампионите.

Новата дестинација во Франција на македонскиот голман треба да му донесе и добра заработувачка. Вкупниот трансфер на Ристовски за трите години што треба да ги мине во Кретеј треба да му донесат повеќе од половина милион евра. Во Франција сите клубови ги плаќаат играчите 12 месеци, и сите се здравствено и социјално осигурени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.