Ристовски: Вкупно 16 училишта ќе се реконструираат во следните неколку месеци

Во следите неколку месеци ќе санираат и реконструираат вкупно 16 училишта во земјава, најави денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

„Министерството за образование и наука веќе работи на изградба и реконструкција за 16 училишта. Се очекува во наредните неколку месеци да се заврши комплетна санација на училиштата. До крајот на месецот ќе биде распишан тендер за реконструкција и санација на дополнителни осум училишта, со што доаѓаме до бројка од 24 училишта кои комплетно ќе бидат реновирани во следните неколку месеци“, рече Ристовски, одговарајќи на новинарско прашање на промоцијата на 15 нови наслови од 1.000 стручни и научни книги.

Продолжуваме, рече тој, со имплементација на таканречените монтажни училишта, кои се помали училишта во рурални средини.

„Распишан е тендер за дополнителни осум монтажни училишта, со што 14 монтажни училишта ќе бидат ставени во употреба пред почетокот на следната учебна година“, додаде Ристовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.