Ристовски во општина Илинден: Училиштата подготвени за новата учебна година

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, го посетија основното училиште „Браќа Миладиновци,“ во населеното место Миладиновци, каде што се во тек градежни активности.

Заменик министерот Ристовски и градоначалникот Стојановски на самото место се запознаа како течат работите околу целосната промена на покривната конструкција на ова училиште, со површина од 1.400 метри квадратни. Притоа, заменик министерот Ристовски ја истакна одличната соработка што Министерството ја има со Општина Илинден во насока на подобрување на условите за образование.

-Во летниот период планирано е да се промени покривот со што ќе се заокружи целиот процес на реконструкција на училиштето. Со поддршка на Владата и на Општината досега се изврши реконструкција во внатрешниот дел, промена на прозорци и санитарии. Со Општина Илинден инвестиравме 11 милиони денари, изјави Ристовски.

Ристовски и Стојановски во посета на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, општина Илинден
Ристовски и Стојановски во посета на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци

Градоначалникот Стојановски истакна дека во рамките на реализацијата на проектот за реконструкција на основните училишта, Општина Илинден интензивно работи на обезбедување на квалитетни услови за следење на образовниот процес на над 2.000 ученици колку што учат во трите централни и петте подрачни основни училишта.

ОУ „Браќа Миладиновци“
ОУ „Браќа Миладиновци“

Во основното училиште „Браќа Миладиновци” неодамна беа изградени две нови училници и помошни простории, со вкупна површина од 200 метри квадратни. Во подрачното училиште во Текија во тек е доградба на уште една училница, наставничка канцеларија, помошни простории и тоалети на површина од 100 метри квадратни.

Во подрачното основно училиште „Ристо Крле“ во Мралино поставен е нов покрив, рехабилитирана е фасадата на училишната зграда, поставена е настрешница и е уреден влезот пред училишната зграда, а за новата учебна година интензивно се работи и во ОУ „Гоце Делчев“.

Во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ обезбедена е комплетна лабораторија со нова модерна и современа техничка опрема за  вршење на практична настава, како и нови гардеробери за сите ученици.

-Со заеднички инвестиции можеме многу да придонесеме во подобрувањето на условите во образованиоето и со тоа да ги креваме стандардите во образованието, додаде градоначалникот Жика Стојановски.

Ристовски: Во текот на летниот период очекуваме околу 30-тина училишни објекти во различни општини на територијата на Република Македонија да бидат темелно реконструирани
Ристовски: Во текот на летниот период очекуваме околу 30-тина училишни објекти во различни општини на територијата на Република Македонија да бидат темелно реконструирани

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.