Македонија

Ристовски: Во протестите очигледно е вмешана политиката

Ристовски: Во протестите очигледно е вмешана политиката

Бевме сведоци на уште еден протест, насловен како студентски, меѓутоа загрижува фактот што очигледно сериозно е вмешана политиката. Јасно е дека се вклучија определени политички структури со цел да добијат политички поени, истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски во гостувањето на ТВ Сител.

-За нас е чудно што и покрај тоа што во неколку наврати јасно и недвосмислено укажавме дека овие законски измени нема да се однесуваат на актуелните студенти повторно се појавуваат иницијативи на одредени групи.  Денес на целокупната јавност и стана јасно дека во целата оваа ситуација има вмешано сериозна политика, рече Ристовски.

Заменик министерот за образование уште еднаш нагласи дека целта на оваа реформа и на целиот пакет реформи од образованието, посебно на делот на високото образование е да се зголеми квалитетот на образованието во Република Македонија.

Тој уште еднаш го објасни целиот концепт кој предвидува полагање на државен испит.