Ристовски: Започната е процедурата за набавка на нов мебел за студентските домови

Кон крајот на минатата година претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски вети набавка на нов мебел за сите 10 државни студентски домови. Денес со задоволство информирам дека јавната набавка е распишана преку Бирото за јавни набавки, напиша на неговиот Фејсбук профил заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Веќе е отпочнат процесот на прибирање понуди, кои можат да се доставуваат заклучно со 30 мај, за кога е закажано јавното отворање, по што, ќе се направи соодветен избор на фирма која ќе треба етапно, во 2016 и 2017 година, целосно да ги опреми сите државни студентски домови со нови кревети, душеци и перници, маси и столици, работни маси и работни столици, полици, комоди и плакари. Оваа инвестиција од речиси 100 милиони денари е уште еден крупен придонес кон унапредувањето на студентскиот стандард во земјата и поддршка кон сите сегашни и идни генерации студенти, пишува Ристовски на Фејсбук.

Заменик министерот за образование и наука вели дека потврдуваат дека студентите продолжуваат да бидат нивниот најголем приоритет.

spiro-ristovski-1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.