Ривалдо типува на Аргентина и Шпанија

Легендарниот репрезентативец на Бразил, Вирор Борба Фереира Ривалдо, е убеден дека домаќинот на престојниот Мундијал има послаб тим во споредба со тој на Аргентина и Шпанија.

„Во овој момент, според мене, Аргентина и Шпанија го имаат најсилниот тим. На Мундијалот во Бразил ќе настапат осум репрезентации кои претходно ја освоиле светската титула, осум репрезентации кои го имаат потребното искуство и кои заслужуваат максимален респект. Според мене, Португалија може да биде најголемото изненадување. Убеден сум дека репрезентативците на Бразил ќе дадат се од себе, но ќе бидат под голем притисок се до стартот на првиот натпревар од групната фаза. Многу ја почитувам репрезентацијата на Хрватска, но убеден сум дека Бразил ќе одигра одлично на отварањето и ќе забележи сигурен триумф”, изјави Ривалдо.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.