Риверс ќе биде погребана со црвен килим

Ексцентрична во животот, ексцентрична и по него. Легендарната холивудска актерка, комичарка и водителка Џоан Риверс (81) која почина завчера по неколку дневна кома, на својот погреб ќе има црвен килим , пренесуваат американските медиуми.

На погребот кој ќе се одржи утре, 7 септмеври во Емаун- Ел храмот  во Њујорк ќе има црвен килим, кој потоа ќе биде закопан заедно со покојната ѕвезда.

– Многу ѕвезди го потврдија своето доаѓање на погребот, но нема на сите да им биде дозволено да поимнат на килимот – изјавил доброупатен извор.

Риверс на 28 август престана да дише за време на операцијата на гласните жици, по што беше хоспитализирана во болницата Маунт Синаи. Нејзината ќерка Мелиса завчера ја потврди смртта на актерката.