РК Металург: Ланските блок билети можат да се заменат

„Замени го твојот блок билет и продолжи да уживаш во приказната која ја испишуваме изминативе три години во елитната Лига на шампиони“, велат од РК Металург.

Стартува промената на минатгодишните блок билети за групната фаза од најелитното ракометно натпреварување, Лига на шампионите. Сите иматели на блок билет од минатогодишното издание на Лига на шампиони во периодот од 10-ти до 13-ти септември (среда-сабота) можат да го обноват својот блок билет и да го задржат своето место. Обновувањето на блок билетите ќе се реализира во продажните салони на „ОНЕ“ во Скопје и низ Македонија.

Цени по категории на блок билети за групна фаза од Лига на шампиони, сезона 2014/15:

– 1 категорија (Блок Б5 и Б11)…………………………………950 денари,

– 2 категорија (Блок Б2, Б4, М7, М8 и М9)………………1.350 денари,

– 3 категорија (Блок М1, М15, Б3, Б12 и Б14)………….1.500 денари,

– 4 категорија (Блок М2, М3, М4, М12, М13 и М14)…2.000 денари.

Официјалната продажба на блок билетите за групната фаза од Лига на шампионите ќе стартува на 17.09.2014 година (среда).