РК Струмица има ново име – Макс Струмица

Зомимак доби ново име - Макс Струмица

Струмичани се решија на ваков потег затоа што главниот спонзор им откажа верност. Нов генерален спонзор на клубот е компанијата “Макс” која што е дел од прехранбената индустрија и е поранешен спонзор на одбојкарскиот тим Струмица.

Компанијата и претходно беше дел од спонзорите на клубот, но сега е главен спонзор. Поради новиот спонзор, годишниот буџет на екипата ќе биде поголем за 30 отсто. Екипата на Макс Струмица ќе го брани второто место во македонскиот шампионат, ќе игра во квалификациите за ЕХФ-купот, а исто така ќе биде и дел од регионалната СЕХА-лига за прв пат во својата историја.