РК Вардар започнува со продажба на блок-билети

Денеска започна со продажбата на билетите за натпреварите на РК Вардар и на ЖРК Вардар во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите.

Сезонава, двата клуба своите натпревари ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“ во општина Аеродром.

Продажбата на билетите почна во 9 часот, на билетарата на СЦ „Јане Сандански“ и он лајн во продажната мрежа на МК тикетс.

Оваа седмица во продажба ќе бидат само блок билети за натпреварите. Потоа, доколку останат слободни билети ќе има и поединечна продажба за секој натпревар.

Сите дополнителни информации за продажбата на влезниците ќе можете да ги најдете и на www.mktickets.mk

Со секој купен блок билет за натпреварите на РК или ЖРК Вардар ќе можете да ги следите бесплатно и натпреварите на ФК Вардар. Истовремено од секој продаден билет по 10 денари ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Блок билетите имаат по пет (машки) и три (женски) поединечни билети.

Повеќе информации за билетите на официјалната страница на РК Вардар.