РКЕ: Цената на струјата нема да се зголеми

И покрај шпекулациите дека со спроведувањето на последната фаза од либерализацијата на пазарот со електрична енергија, која се однесува на домаќинствата и малите фирми, дека цената на електричната енергија ќе се зголеми, од Регулаторната комисија за енергетика го демантираат ова тврдење. Тие за НетПрес велат дека до зголемување нема да дојде.

„Не се очекува да има зголемување на цената на електрична енергија со воведувањето на оваа последна фаза од либерализацијата на пазарот со електрична енергија“, велат од РКЕ.

Оттаму додаваат дека домаќинствата кои нема да се определат за тоа од кого ќе набавуваат струја, цената на истата ќе ја плаќаат по тарифникот на РКЕ.

34CFFCBC7020ED43A35C52F3DF259A96

„Цената на електричната енергија која ќе ја плаќаат оние потрошувачи кои ќе одберат да бидат снабдувани од снабувачи со електрична енергија, ќе биде пазарно определена, а додека оние кои ќе изберат своите потреби за електрична енергија да ги задоволуваат преку снабувач во краен случај, ќе плаќаат согласно цените кои ќе ги одреди Регулаторната комисија за енергетика“, велат од Регулаторна.

Покриеноста во третата фаза од либерализацијата на пазарот со електрична енергија е на територијата на цела Република Македонија, односно околу 720 илјади потрошувачи.

„Од први јануари малите потрошувачи и домаќинствата своите потреби за електрична енергија ќе ги обезбедувате на слободниот пазар на електрична енергија. Согласно измените на Правилата за снабдување со електрична енергија, малите потрошувачи и домаќинствата можат по сопствен избор своите потреби од електрична енергија да ги обезбедат од снабдувачи со електрична енергија и најдоцна до 15 ноември 2014 година се должни да склучат договор за снабдување со електрична енергија со избраниот снабдувач со електрична енергија, кој започнува да важи од од 01.01.2015 година. Во моментов постојат девет лиценцирани снабувачи со електрична енергија и два лиценцирани снабувачи во краен случај (ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА во државна сопственост Скопје и ЕВН Електростопанство на Македонија). Оваа бројка секако може да порасне, сите оние баратели кои ќе поднесат барање и ги исполнуваат условите за добивање лиценца за снабдување со електрична енергија, ќе може да ја извршуваат оваа дејност“, велат за НетПрес од Регулаторна.

struja-dalekovod1

Од РКЕ додаваат дека оние корисниците кои нема да склучат договор во предвидениот рок кој истекува на 15-ти ноември оваа година, дека од први јануари ќе бидат снабдувани од снабдувач во краен случај. Во оваа категорија спаѓаат двете државни компании ЕВН- Електростопанство на Македонија и ЕЛЕМ- Електрани на Македонија.

За неисполнувањето на обврските од двете страни, и од страна на домаќинствата и малите фирми, како и од фирмите снабдувачи, од РКЕ велат дека евентуалните спорови кои можат да настанат поради непочитување на обврските од договорот ќе се решаваат во постапка пред надлежен суд.