Робен: Аргентина не заслужи пласман во финалниот натпревар

Крилниот напаѓач на Холандија, Ариен Робен е убеден дека репрезентацијата на Аргентина не заслужи да биде вториот финалист на јубилејното 20. Светско првенство во Бразил.

“Аргентина не заслужи да слави во полуфиналниот дуел, не заслужи да биде вториот финалист. Не создадоа ниту една посериозна шанса во сите 120 минути. Мислам дека Германија ќе слави во финалниот натпревар. Докажаа дека се најдобри во Бразил, а имам и многу пријатели кои го носат репрезентативниот дрес на Германија. Ќе навивам за нив. Натпреварот за трето место? Искрено, не сум многу заинтересиран за дуелот против Бразил, не ме интересира утешната награда. Горд сум на мојот тим, на мојата репрезнтација. Нормално дека ми е многу тешко, бевме многу блиску, но постигнавме позитивен резултат во Бразил. Никој не е виновен за поразот од Германија, сите дадовме се од себе”, изјави фудбалерот на Баерн (М).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.