Робен без срам си побара нов договор од Баерн (М)

Најзаслужниот за освоената титула во Лигата на шампиони, стрелецот на победничкиот погодок во финалниот натпревар, холандскиот интернационалец, Ариен Робен, откри дека сака да потпише нов договор за актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М).

„Убеден сум дека можам да играм во топ-форма и во следните три сезони. Сакам да останам на “Алианс Арена”, сакам и понатаму да бидам дел од Баерн (М). Сите во клубот се свесни дека имам се што е потребно, дека сум квалитетен фудбалер и дека можам многу да му помогнам на Баерн (М)”, изјави крилниот напаѓач.

Репрезентативецот на Холандија има договор со Баерн (М) до 2015 година, а според последните информации кои пристигнуваат од Минхен, преговорите околу новиот договор треба да стартуваат во месец март.