Робен ќе направи музеј во својот дом

Фудбалерот на Баерн Минхен Ариен Робен, изјави дека му е желба да направи музеј со освоените титули и сувенири во својот дом.

„Заедно со мојата сопруга уживаме во домот, а нашата желба е да направиме и приватен музеј за нас, семејството и за пријателите“, вели холандскиот фудбалски репрезентативец.

„Освоив бројни титули, поседувам и сувенири, дресови, копачки, топки, како онаа со која победивме во Лигата на шампионите“, додава Робен за медиумите од Германија.

„Ќе ги изложам и копачките со кои настапував за репрезентацијата на Холандија на Светските и на Европските првенства“, истакна славниот фудбалер на Баварците.

Робен се прослави во редовите на Гронинген, ПСВ Ајндховен, Челзи, Реал Мадрид, како и во Баерн Минхен, каде што е меѓу најдобрите членови.

За својата национална селекција Холанѓанецот на 82 натпревара постигнал 26 погодоци.