Робен не сака дуел против Челзи

Идентично како и неговиот тренер, Пеп Гвардиола и холандскиот интернационалец Арјен Робен откри дека не би сакал за противник во полуфиналната рунда да го добие лондонскиот премиерлигаш Челзи.

“Мислам дека одигравме добро и во првото полувреме иако не ги искористивме тие неколку шанси кои ги имавме пред голот на Манчестер Јунајтед. Имав доволно простор по десната крилна позиција, но Манчестер се бранеше со сите фудбалери. Како и секогаш, Баерн Минхен имаше целосна доминација на средината, но моравме да додаваме уште побрзо, само така доаѓавме во ситуација еден на еден. Кога е во прашање полуфиналната рунда, јас можам да кажам дека ќе ни биде уште потешко ако за противник го добиеме  Челзи. Ќе ни биде многу потешко со споредба со двата дуела против Манчестер Јунајтед”, изјави крилниот напаѓач на Баерн Минхен.