Робен се прости од репрезентацијата

Арјен Робен постигна два гола во последниот натпревар во дресот на холандската репрезентација, во победата над Шведска со 2:0, но тоа не беше доволно Холандија да обезбеди бараж за Светското првенство 2018, бидејќи ѝ баше потребна победа со седум голови разлика.

Робен со солзи во очите ја пееше химната на неговата земја. Одигра 96 натпревари за Холандија и постигна 37 гола.

Играше во финалето на Светското првенство 2010 во Јужна Африка, а четири години подоцна во Бразил, со „лалињата“ го освои третото место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.