Робен: Шансите да одам во Манчестер Јунајтед ова лето се точно 0 отсто

Холандскиот интернационалец од редовите на се уште актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), откри колкави се шансите за да го облече дресот на најтрофејниот клуб од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед. 

„Шансите да одам во Манчестер јунајтед ова лето се точно 0 отсто. Тоа дефинитивно не е опција за мене. Среќен сум во Баерн Минхен и туткушто го продолжив договорот. Останувам во Германија. Го респектирам Луис Ван Гал, тоа е човек кој одигра многу важна улога во развојот на мојата фудбалска кариера, но не сум расположен за менување на средината“, изјави крилниот напаѓач на баварскиот гигант.