Спорт

Робен со СМС порака го откачи Јувентус

Робен со СМС порака го откачи Јувентус

Стандардниот првотимец во дресот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Ариен Робен откри дека пред 18 месеци со помош на СМС порака ја одбил примамливата понуда на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

„Не ја одбив таа поради поради Јувентус. И тогаш, како и сега, одлично се чуствував во Минхен, одлично се чувствував на ‘Алианс Арена’. Затоа ја одбив понудата на Јувентус. Добив понуда од фантастичен клуб и за мене е голема чест што Јуве покажа интерес за моите услуги. Сепак, веднаш ги контактирав челниците на Јувентус. Им испратив СМС порака, им кажав дека ми годи нивниот интерес но дека ќе останам во редовите на Баерн (М). Веднаш ми одговорија дека вратата секогаш ќе биде отворена за мене. И во минатото добив неколку понуди од клубови кои се натпреваруваат во италијанската Серија А, но и тие ги одбив со образложение дека сум среќен таму каде што бев во тој момент”, изјави крилниот напаѓач.