Робен: Трансферот во Баерн Минхен најдобра можна одлука

Репрезентативецот на Холандија, Ариен Робен откри дека преселбата во редовите на старо-новиот шампион на Германија, Баерн Минхен е дефинитно најдобрата одлука која ја има донесено во неговата фудбалска кариера.

“Преселбата од редовите на Реал Мадрид во редовите на Баерн Минхен е дефинитивно најдобрата одлука која сум ја донел во мојата фудбалска кариера. Никогаш нема да жалам по Реал Мадрид, многу ми е поубаво во Минхен и тука сакам да ја завршам мојата кариера”, изјави Робен.

Крилниот напаѓач на баварскиот гигант додаде дека очекува голема борба и неизвесност во финалниот натпревар од Купот на Германија каде за противник го има најголемиот ривал, тимот на Борусија од Дортмунд.

“Ако го наметнеме нашиот стил на игра, ако функционираме како една целина, како еден тим, тогаш сигурно ќе славиме и во финалниот натпревар од Купот на Германија. Сепак, сите сме свесни, знаеме колку е квалитетен тимот на Борусија од Дортмунд. Знаеме што не очекува во Берлин. Играме против многу добар тим, но јас секогаш се радувам на ваквите натпревари, сакам кога за противник имаме многу добар тим”, изјави Робен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.