Спорт

Робен: Венгер е лош губитник

Робен: Венгер е лош губитник

Холандскиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Ариен Робен вербално го нападна менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер и го нарече лош губитник.

Веднаш откако заврши првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони, помеѓу екипите на Арсенал и Баерн (М), трофејниот француски стручњак изјави дека Робен е одличен глумец, дека го има потребното ислуство за да одглуми далеку пострашен прекршок.

“Се можеше да тргне во лоша насока. Имав многу среќа во тој страт, малку фалеше да заработам посериозна повреда. Изјавата на Венгер е типична за еден тренер кој е губитник. Ништо не ми значи изјавата на Венгер, ова не му е прв пат да реагира на ваков начин. Јас поминав низ еден страшен момент. Во декември заработив потешка повреда при еден таков страт”, изјави крилниот напаѓач на Баерн (М).