Робен за малку ќе завршел на Енфилд

Поранешниот дефанзивец на англсикиот премиерлигаш Ливерпул, Џејми Карагер откри актуелниот менаџер на “црвените”, Брендон Роџерс во 2013 година се обидел да ги осигура услугите на холандскиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Ариен Робен.

„Брендон Роџерс се обиде да ги осигура услугите на Ариен Робен. Се обиде во 2013 година, пред финалниот натпревар во Лигата на шампиони помеѓу екипите на Баерн (М) и Борусија од Дортмунд. Во тој период, Робен немаше статус на стандарден првотимец, натпреварите најчесто ги стартуваше од клупата за резервни фудбалери. За жал, Робен го постигна победничкиот во финалниот натпревар. Џон Барнс беше последниот крилен напаЃач од светска калса кој има играно за Ливерпул”, изјави Карагер.