Роберт Де Ниро го отвори Сараевскиот филмски фестивал

Aктерот Роберт Де Ниро со краток говор го отвори Сараевскиот филмски фестивал (СФФ), за кој наведе дека „е роден во текот на мрачни и опаснин времиња“.

Де Ниро во оваа прилика изјави дека е почестен што го отвора фестивалот во Сараево, после што му беше врачена специјална награда Почесно срце на Сараево за животно дело.

 – Среќен сум што сум тука. Чест ми е што сум поканет. Бев заинтересиран да дојдам тука. Ме прашаа повеќепати и јас ветив дека ќе дојдам. Ги донесов своите две деца и сакав тоа да го доживеат со мене – порача Де Ниро кој призна дека не гледал ниту еден филм од Б и Х, но „дека тоа би го сакал“.

Годинашниот СФФ, кој трае од 12 до 20 август, во рамките на 18-те фестивалски програми, ќе претстави 223 филмови од 61 држава.

de_niro_4

de niro