Роберт Патинсон почнал да дизајнира облека

Роберт Петинсон глуми и позира за реклами како вистински професионалец, а има и гласини дека набрзо ќе се испроба и во режисерските води.

Минатата недела 29-годишниот актер ја „украси“ насловната страница на француското списание „Numero Homme“, каде во интервју, меѓу другото, зборуваше и за неговите планови за во иднина.

Тој во интервјуто проговори и за неговиот скриен талент – дизајнирањето облека, со што се занимавал веќе две години, иако за тоа јавноста ништо не знае.

– Почнав да дизајнирам облека пред две години и веќе бев во посета на неколку производители. Тука има многу парчиња и многу сакам тоа да го работам. Мојот стил е под влијание на градовите во кои одам, на потеклото на ткаенина и на локалните карактеристики. Во Лос Анџелес многу лесно е да се работи со тексас и да се изработува работна облека. Во Англија акцент се дава на волната и плетење. Облеката која јас ја изработувам е повеќеслојна, наменета за мажи и жени и тоа се сите работи кои ги работам со пријателите. Но, не сакам да влегувам во премногу детали, затоа што не сакам да ја растурам магијата, откри Роб.

За Роб снимањето е како модна кампања, меѓу кои последната во низата е онаа за познатиот „Диор“, кој резултирале не само со поголема банкарска сметка, туку и го инспирала за нови работни потфати.