Роберто Мартинез во игра за тренер на Барселона

И покрај постојаните деманти дека не е точна информацијата за евентуалниот прекин на соработката, фудбалските медиуми во шпанија и понатаму се убедени дека актуелниот предводник на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино, ќе си замине од „Ноу Камп“ на крајот од актуелната сезона.

Шпанските медиуми во изминатите неколку недели ја форсираат приказната дека Барса ќе ја прекине соработката со Мартино и доколку клубот ја освои шампионската титула во Примера дивизион или победничкиот пехар во Лигата на шампиони, а искусниот стручњак по завршувањето на Мундијалот во Бразил ќе биде именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Аргентинс.

Близок извор до таборот на каталонскиот гигант потврди дека е во игра и опцијата за прекин на соработката со Мартино, а најголем фаворит за тренерската функција е актуелниот менаџер на англискиот премиерлигаш, Роберто Мартинез.

Освен до Мартинез, челниците на Барселона сигурно ќе испратат официјална понуда и до актуелниот тренер на холандскиот гигант Ајакс, Франк де Бур.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.