Роби Вилијамс во август ќе настапи во Бургас

Роби Вилијамс во август ќе настапи во Бургас

Поп ѕвездата Роби Вилијамс на 7 август ќе настапи на првата финална вечер на фестивалот „Спирит оф Бургас“, што традиционално секоја година се одржува во овој бугарски град на брегот на Црното Море.

Како што јави БТА, по 11 турнеи и над 600 концерти, при што настапувал на различни места, Вилијамс во Бургас првпат ќе пее на една плажа, во рамки на неговата актуелна турнеја „Let Me Entertain You“.

Како што соопштија организаторите на фестивалот, на Централната плажа во Бургас на 8 август, во рамки на втората финална вечер, ќе настапи и британската рок група „Касабијан“.

Покрај, Роби Вилијамс и „Касабијан“ на овогодишниот „Спирит од Бургас“, меѓу другите, ќе настапат и британскиот пејач Квабс, хип-хоп бендот „Стерео Ем-Си“ и белгискиот музичар Милоу.