Роби Вилијамс им покажа среден прст на критичарите за неговиот настап во Москва

Британската рок-ѕвезда Роби Вилијамс им покажал среден прст на гледачите кои го следеа свеченото отворање на Светското првенство во фудбал, вчера во Москва како одговор на критиките кои за Британецот беа упатени поради тоа што прифтил да настапи во Русија.

Американската ТВ„Фокс“ се извини на гледачите на навредливиот гест.

Додека емитувањето беше во живо, не знаевме што ќе се случи за време на шоуто и затоа се извинуваме, рекоа од „Фокс“.

Пред да го покаже средниот прст, Вилијамс прво го смени текстот на неговиот хит„Rock DJ“ и ги додаде зборовите „Ова го правам бесплатно“, алудирајќи на критиките дека е алчен за пари и го прифатил повикот од Владимир Путин да пее на спектаклот.

Британската ITV, исто така не го покажа контроверзениот момент, но благодарение на интернетот снимката стана вирална и  предизвика многу реакции.

 

Роби Вилијамс е  голем обожавател на фудбалот, па со голем ентузијазам ја прифати поканата на организаторите.

Јас направив многу работи во својата кариера, но да го отворите Светското првенство пред 80.000 фанови на фудбалскиот стадион и пред милиони гледачи низ целиот свет е остварување на детските соништа, рече британскиот поп-ѕвезда.