Роби Вилијамс ќе стане татко по вторпат

Британскиот пејач Роби Вилијамс на својот Твитер соопшти дека тој и неговата сопруга ќе добијат второ дете.

„Ајда и јас сме пресреќни што можеме да објавиме дека Теодора Роус Вилијамс ќе биде голема сестра“, напишал пресреќниот 40-годишен Роби.

Неговата сопруга Ајда Филд во целост го промени, како што вели тој, на подобро, а одлично се снајде и во улогата на татко.

Двојката се венчаше во август 2010 година, а две години подоцна им се роди и првото дете, ќеркичката, на која гордиот татко и ја посвети песната „Го џентл“ (Go Gentle).

„ Нема добри реклами ниту совети за родителство. Пред да основам семејство се плашев од сето тоа бидејќи ми се чинеше многу стресно, но никој не сфаќа колку семејството може да ве препороди“, заклучи Роби чие мало семејство наскоро ќе се прошири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.