Робин О’Нил: Никој не може да го доведе во прашање постоењето на Република Македонија

О’Нил

Во интревју за програмата „Гласот на народот“ истакнува дека народот во Македонија се идентификува како македонски и има сопствен јазик, а од друга страна и дека Меѓународниот суд на правдата го поддржал правото на Република Македонија на користење на тоа име.

– Еден од елементите во непријателството што го демонстрираат грчките влади во однос на општото прифаќање на името на Република Македонија е нивната континуирана чувствителност во однос на Македонците кои живеат во северна Грција. Тоа оди рака под рака со нивната политичка убеденост дека историското наследство на Македонија и припаѓа на Грција, вели О’Нил како реакција на изјавата на грчкиот претсдетел Павлопулос дадена недодамна во Лерин.

Во однос на мислењето на Европската слободна алијанса (ЕФА), британскиот дипломат оценува дека ЕФА е во право.

– Македонското население во северна Грција фактички не претставува никаква закана за стабилноста на Грција и Република Македонија нема никакви побарувања во однос на грчката територија, како што постојано и повторува. ЕФА е сосема во право со тоа што го изјавува. Но, само поради таа неоснована чувствителност на грчката Влада во однос на Македонците во северна Грција, сериозна грешка е да се навлечете на тој терен. Тоа не е релевантно во однос на уставното име на Македонија“, истакнува О’Нил за програмата „Гласот на народот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.