Робин ван Перси недостапен во следните шест недели

Tраорна атмосфера завладее во соблекувалната и помеѓу најверните фанови на Манчестер Јунајтед, откако клупскиот доктор на актуелниот шампион на Англија потврди дека последната повреда која холандскиот интернационалец Робин ван Перси ја заработи на дуелот против Олимпијакос е од посериозна повреда и истата бара мирување во следните шест недели.

Новиот лекарски преглед покажа дека стабува збор за сериозно истегнување во повреденото колено и дека искусниот напаѓач мора да мирува во следните четри до шест недели.

Најголемата ѕвезда во дресот на Манчестер Јунајтед ќе ги пропушти двата натпревара од 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони, каде за противник го имаат актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М).

Кога се во прашање натпреварите од англиската Премиер лига, Ван Перси сигурно нема да биде во комбинација за дуелите против Вест Хем, Манчестер Сити, Астон Вила, Њукасл, Евертон и Норвич.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.