Спорт

Робињо бира помеѓу Атлетико Минеиро и Крузеиро

Робињо бира помеѓу Атлетико Минеиро и Крузеиро

Мариса Рамос, агентот на бразилскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Робињо откри дека во последните 24 часа добил две примамливи понуди за неговиот клиент.

“Има интерес од неколку познати клубови. Во изминатите 24 часа добив две официјални понуди. Станува збор за два клуба кои се натпреваруваат во бразилската Прва лига, Атлетико Минеиро и Крузеиро. Ги анализираме двете понуди, да видиме што нудат давата клуба, какви услови за работа, каква плата, какви им се амбициите за новата клупска сезона. Колку што е важна платата, толку е важен и амбиентот во кој ќе тренира, во кој ќе ги игра фудбалските натпревари”, изјави Рамос.