Робињо конечно се врати во Бразил

Покрај интересот од Турција и САД, Робињо наредната сезона ќе ја помине во таборот на бразилскиот Сантош.

Овој 30-годишен Бразилец по трет пат ќе го носи дресот на тимот во кој ја почна кариерата, бидејќи пред да дојде во Милан беше позајмуван во овој тим од таборот на Манчестер Сити.

Робињо беше фудбалер на Милан од 2010-та година, а досега одигра 108 натпревари и постигна 25 голови.