Робот спасува бегалци во Егејското Море

Грчката крајбрежна стража вклучи и робот во нејзините операции за спасување на имигранти и бегалци од водите во Егејското Море, објави атинскиот весник „Етнос“, пренесува МИА.

Робот спасува бегалци во Егејското Море
Робот спасува бегалци во Егејското Море

Според весникот, станува збор за роботот наречен Емили, кој е создаден од научници од Институтот во Аризона.

Емили веќе патува крај брегот на грчкиот остров Лезбос и ги координира напорите на спасувачките тимови при операциите за помош на имигрантите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.