Свет

Роботи ќе работат како трговци во Јапонија

Роботи ќе работат како трговци во Јапонија

Јапонска филијала на една компанија од Швајцарија ќе ангажира илјада паметни роботи како трговци.

Тоа ќе биде првпат роботи да бидат користени како продавачи, се вели во соопштение од швајцарската компанија.

„Хуманизираните“ машини од декември ќе бидат рапсоредени во големи специјализирани продавници во Јапонија и во продавници кои нудат Нестле-апарати за кафе.

Роботот е опремен со таблет и ќе биде способен на купувачите да им дава објаснувања за различни артикли на еден интерактивен, речиси – природен начин. Паметниот робот го креираше француската фирма Алдебаран роботик.