Робредо се откажа од турнирот во Оукленд

Турнирот во Оукленд, Нов Зеланд остана покус за еден од главните носители, Шпанецот Томи Робредо.

Четвртиот носител на турнирот се заблагодари за поканата и го откажа своето учество поради повреда.

“Жалам што нема да можам дел од турнирот, но повредата е сепак сериозна и може дополнително да се влоши”, изјави Робредо.

На турнирот во Оукленд, кој се игра за награден фонд од 600.000 американски долари, нема да учествуваат и четирикратниот победник Давид Ферер, минатогодишниот победник Џон Иснер, како и Гаел Монфилс.